Тео Ернандез со вчерашниот погодок на мечот со Комо во серија „А“, стана најефикасниот играч на „росонерите“ кога станува за дефанзивните фудбалери.
Тојпостигна еден од головите во победата од 2:1 и така дојде до бројката од 30 -ет што е најмногу во историјата на миланскиот состав.
Французинот успеа да го собори рекордот на легендарниот, Паоло Малдини, кој успеа да постигне 29 голови.

