Фудбалерите на Лион и на Барселона доцна вечер од 21.00 часот на теренот во Франција ќе го реализираат воведниот натпревар од првата елиминациска фаза во Лигата на фудбалските шампиони.
Домаќините ќе бидат без големата ѕвезда, Набил Фекир кој е казнет додека поради повреда мечот ќе го пропуштат Рафаел дос Сантош и Амин Гури. Под знак прашалник се Џејсон Денер и Танги Немобеле. Во редовите на Барселона со повреди се соочуваат Артур, Џаспер и Рафина додека Умтити најверојатно е биде подготвен да игра.
Се претпоставува дека за Лион во првата постава ќе бидат : Лопез, Дибоа, Марсело, Морел, Менди, Ндомбеле, Тусар, Ауар, Траоре, Депај и Дембеле. Што се однесува до гостите од Шпанија, најверојатно на теренот од првата минута ќе истрчаат: Тер Штеген, Роберто, Пике, Ленгле, Алба, Видал, Бускетс, Ракитиќ, Дембеле, Меси и Суарез. Главен судија ќе биде Чакир од Турција.