Селекторот на фудбалерите на Франција, Дидие Дешам, вели дека неговите избраници заслужено се израдуваа на победа на теренот во Даблин. „Триколорите“ со минималниот триумф против Ирска, се зацврстија на чело на табелата во нивната квалификациска група за место на ЕП.
„ Можеби не игравме толку добро како што би сакале но, мора да и оддадеме признание на Ирска која се бранеше фантастично“ – потенцираше селекторот на Франција.
„Галските петли“ во јуни ќе ги одиграат наредните два меча. Прво на теренот на Гибралтар а потоа дома со Грција.