Француската судијката Стефани Фрапар е назначена за главен судија на финалниот натпревар од Купот на Франција меѓу Нант и Ница, објави официјалниот сајт на Француската фудбалска федерација.
Фрапар претходно има судено машки финалиња и беше главен судија на натпреварот од Суперкупот на УЕФА во 2019 година помеѓу Челзи и Ливерпул.
Стефани ќе биде првата жена што суди во финалето на Купот на Франција. Натпреварот меѓу Нант и Ница ќе се одигра на „Стад де Франс“ во Париз на 7 мај. Фрапар ќе виде дел од судиите кои ќе ги судат натпреварите на Европското првенство за жени – 2022. Турнирот ќе се одржи од 6 до 31 јули во Англија.