Фудбалерот на Италија, Давиде Фратези, по стартната победа против Албанија, сега мислите ги насочува кон дербито со Шпанија. Тој дуел веројатно ќе го одреди победникот во групата.
„Мислам дека победата на Шпанија против Хрватска доволно покажува за каква селекција станува збор. Тие можат бескрајно да ја држат топката“ – вели Фратези.
„Во моментов мислам дека Шпанија е посилна од нас на индивидуален план. Родри е најдобриот играч за врска во светот“ – изјави играчот од средниот ред на италијанската репрезентација.