Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Фред, изјави дека во тимот нема несогласувања меѓу играчите и менаџерот Жозе Мурињо. По поразот од Брајтон во минатото коло, почнаа и шпекулациите за несогласувањата на релација Мурињо – фудбалери.
„Медиумите сакаат да пишуваат многу работи. Во соблекувалната атмосферата е одлична. Од она што го видов по пристигнувањето, нема никакви проблеми. Напротив – секој сака да му помогне да другиот“, изјавил Фред.
Манчестер Ј. утре има дерби со Тотенхем во рамките на 3. коло од Премиер лигата.