Рајан Фрејзер еден од подобрите фудбалери на Борнмаут во тековнава сезона во Премиер лигата, вели дека е поласкан од информациите дека може да направи трансферот во екипата на Арсенал. 25-годишниот играч од средниот ред кој во досегашниот дел од сезоната има 36 натпревари во сите конкуренции, успеа да постигне 7 голови и да направи 11 асистенции.
„Нема да лажам – многу убаво се чувствувам. Тоа значи дека работам на вистинскиот начин. Кога ќе слушнете дека тим каков што е Арсенал се заинтересирал за вас, тоа значи дека сте на вистинскиот пат“ – вели Фрејзер.
„ Јас ќе продолжам да играм со висок ритам за мојот тим. Ќе се обидам да бидам одличен на теренот а што ќе се случи понатаму, ќе видиме“ – рече Фрејзер за –„ Sky Sports“.