Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг најверојатно ќе ја напушти Каталонија ова лето. Според некои информации, тој до крајот на месецот треба да направи трансфер во Манчестер Јунајтед.
Според пишувањата на извори доброупатени во случувањата на Островот, шансите тој да направи трансфер на „Олд Трафорд“ се до 95%. Висината на трансферот ќе биде 70-80 милиони евра.
Од каталонскиот клуб веруваат дека Холанѓанецот значително ќе загуби од вредноста доколку остане во тимот уште една сезона и затоа од економски причини ќе прифатат да го продадат.