Фудбалерот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, поради повреда ќе ги пропушти претстојните европски квалификации на репрезентацијата на Холандија.
25-годишниот фудбалер ја заработи повредата при победата над Реал Мадрид во Ла Лига во неделата вечерта и ќе отсуствува околу две недели, објави „Де Телеграф“. Проблемот е потврден по магнетна резонанца направена денеска. Од списокот на Роналд Куман поради повреда испадна и Стивен Бергвејн од Ајакс.
На нивно место беа повикани Дониел Мален од Борусија (Дортмунд) и Џои Фоерман од ПСВ Ајндховен. Холандија ќе игра со Франција на 24 март и со Гибралтар на 27 март.