Откако челниците на шпанскиот фудбал најавија дека дел од мечевите може да се реализираат во САД, жестоко реагираа капитените на екипите кои се собраа на сотанок во Мадрид.
Нивниот став за најавените планови на федерацијата го пренесе претседателот на Асоцијацијата на фудбалерите во Шпанија, Давид Аганзо. Тој посочи дека играчите се крајно изнервирани и не ја подржуваат одлуката на првите луѓе на Федерацијата.
„ Фудбалот не е само бизнис и одлуките не може да се носат само унилатерално. Сите играчи се против иако дел од клубовите сакаат да играат натпревари во САД. Ја го пренесувам само мислењето на фудбалерите“ – истакна Аганзо.