Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Фудбал во Германија ќе се игра, утре се чека потврда од Ангела Меркел
    Фудбал

    Фудбал во Германија ќе се игра, утре се чека потврда од Ангела Меркел

    risteBy riste05/05/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Германскиот шампионат ќе продолжи следната недела, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Тоа треба да се случи на 15-ти мај – веројатно со традиционалниот натпревар во петок.

    Официјално, сè ќе биде јасно утре кога канцеларката Ангела Меркел ќе ја објави следната фаза на за олабавување на мерките во земјата. Ова ќе биде прво значајно првенство што ќе започне повторно.

    Фудбалерите од Бундеслигата веќе подолго време тренираат со строги мерки на безбедност, а вчера во тренинг процес се врати и екипата на Падерборн и тоа со целосна групна активност на фудбалерите. Веќе еднаш играчоте и спортско и техничкиот персонал на 36 клуба од двете Бундеслиги или вкупно 1724 луѓе имаат тестови на Ковид-19. Резултатите се повеќе од добри – само 10 се заразени, а повеќето од нив немаат никакви симптоми. Тие се изолирани и ќе поминат 14 дена во карантин. Имињата не се откриваат, но се знае дека тројца се од Келн – двајца фудбалери и еден физиотерапевт.

    Секако дека натпреварите ќе бидат без публика. До крајот на сезоната остануваат уште 9 кола во елитата, како и три натпревари од Купот на Германија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Џуд Белингам е нов член на Реал Мадрид

    07/06/2023

    Арапите го сакаат и Заха

    07/06/2023

    Митровиќ може да го промени тимот но, не и градот

    07/06/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Џуд Белингам е нов член на Реал Мадрид
    • Костов ќе ги води пелистерци во наредната сезона
    • Ивановски и Србљак влегоа во второто коло
    • Астон Мартин ќе се појави со подобар болид
    • Пристли се осврна на резултатите на Перез
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.