Швајцарскиот фудбалски сојуз одлучи да не одржуваат натпревари во оваа земја до 15 март, а ова беше потврдено на официјалната веб-страница на Швајцарската лига.
Претходно, швајцарските власти забранија какви било масовни настани, вклучително и спортски настани, а сето тоа поради заканата од ширење на коронавирус. На итен состанок Швајцарскиот фудбалски сојуз реши да ги одложи натпреварите од 24-то коло од Суперлигата, како и средбите во пониските лиги на неодредено време. Натпреварите требаше да се играат изминатиот викенд на 29 февруари и на 1 март.
Дополнителната информација која беше објавена денес е дека сите овие спортски натпревари се одложени до 15 март. Во Швајцарија досега се пријавени 24 потврдени случаи на инфекција со коронавирус.