Поголем број од фудбалерите на ПСЖ имаат симптоми на вирусна инфекција, јавија француските медиуми.
Според информациите, на неколку играчи на главниот тим на парижани утрово им била дијагностицирана цревна болест. Симптомите на вирусот се повраќање, абдоминална болка и замор. Во моментов не е познат степенот на заразите, но се забележува дека тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие може да направи неколку промени во тимот за днеешниот дуел со Монако.
ПСЖ поради повреди денеска нема да смена и на Меси и Мбапе.