Македонија со денешната победа против Ерменија од 2 спрема 0 се зацврсти на челната позиција во групата „Д“ во новоформираното натпреварување на УЕФА – Лигата на нации.
Пред околу 8000 фанови на Арената во Скопје, нашите репрезентативци одигра итро во нападот и стабилно во одбраната. Гостите во ниту еден момен не успеаа да се наметнат и затоа останаа со празни раце. Македонија успеа да поведе во 14 минута откако Пандев беше некоректно соборен во шеснаесетникот а Алиоски успешно го изведе ударот од 11. метри. Вториот наш гол беше дело на капитенот Пандев откако во 59 минута доби одлична топка од Трајковски и биеше прецизно од 4-5 метри.
Македонија со двете победи против Гибралтар и Ерменците има максималне ефект в пресрет на третото коло во кое на 13 ноември ќе бидеме домаќини на Лихтенштајн.