Македонската фудбалска репрезентација попладнево заминува за Палермо, каде в четврток ќе го одиграме првиот меч од плеј-офот за пласман на СП во Катар оваа година. Македонија за противник го има европскиот првак Италија, но нашите фудбалери се надеваат дека ќе го продолжат позитивниот тренд на резултати и настапи, борејќи се за изненадување против „аѕурите“.
Утрово на комплексот на ФФМ, репрезентативците го одработуваат и последниот тренинг пред заминувањето.