Македонија ја оправда фаворитската улога против Гибралтар и оствари убедлива победа со 4 спрема 0 во рамките на четвртото коло во „Ц“ Лигата на Нации.
На мечот одигран на Арената во Скопје, сите голови беа постигнати во првиот дел. Серијата ја отвори Барди во 4 минута од слободен удар, ја продолжи Миовски со два гола во 14 и 16 минута а ја затврои Чурлинов во 31 минута. Во вториот меч во нашата група Грузија и Бугарија одигра без голови на мечот во Тбилиси.
На табелата, Грузија е лидер со 10 бодови, Македонија има 7, Бугарија 2 а Гибралтар 1 бод. Во наредното коло на 23 септември ние ќе гостуваме кај Грузијците додека Бугарија ќе го пречека Гибралтар.