Македонските фудбалери доколку ја победат Португалија и обезбедат место на Мундијалот во Катар ќе поделат фанатстична премија од – 4,5 милиони евра!
Станува збор за дел од парите од Светската фудбалска федерација (ФИФА) од дури 12,5 милиони долари од кои третина ќе отидат на сметките на фудбалерите.
Владата на Македонија и премиерот, Димитар Ковачевски, пред заминувањето им вети на репрезентативците премија од половина милион евра.