Владата на Македонија на вчерашната седница донесе одлука за формирање координативно тело за поддршка на фудбалската репрезентација на Европското првенство кое ќе се реализира во текот на летото.
Истото треба помогне во организацијата, комуникацијата и промоцијата на настапот на фудбалската репрезентација на Македонија на континеталниот собир.
Ние сме во групата „Ц“ заедно со Украина, Австрија и Холандија. Мечевите ќе ги играме во Букурешт и во Амстердам. Прв противник ќе ни бидат Австријците на 13 јуни.

