Македонската фудбалска репрезентација утре на гостувањето кај Лихтенштајн и веднаш потоа на домашен терен со Велс, ќе користи комплет на црни дресови во чест на загинатите во големата трагедија во Кочани.
На загревањето на стадионот – „Рајнпарк“ репрезентативците ќе излезат со специјални маички посветени на жртвите во Кочани.
Дуелот меѓу Лихтенштајн и Македонија ќе се одигра утре со почеток во 15 часот додека мечот во Скопје против велашните е закажан за во вторник од 20.45 на Арената „Тодор Проески“.

