Англискиот состав Манчестер Јунајтед го претстави новиот дрес за наредната сезона. Истиот е во ретро стил со црвена боја и бела нијанса на ракавите во горниот дел.
Дизајнот на „Адидас“ потсетува на дресот на Манчестер Јунајтед од шеесетите години од минатиот век. На предниот дел го има новиот спонзор на клубот.
Тоа е германската ИТ компанија – „TeamViewer“ која за пет години ќе им плати на „црвените ѓаволи“ 250 милиони фунти или 48 по сезона.