Македонија и Италија денеска од 20.45 часот ќе се сретнат во рамките на новата рунда квалификации за Европското првенство.
„Аѕурите“ се фаворити на хартија додека избраниците на Милевски очекуваат да извлечат поволен резултат и да ја прекинат серијата на порази. Двете земји досега се сретнале три пати.
Во 2016 година Италија победи во Скопје со 3:2, во 2017 во Торино беше 1-1 додека во последниот меч во Палермо во рамките на баражот за Мундијалот, Александар Трајковски донесе сензационална победа на нашата селекција.