Фудбалерите на грчкиот тим Панатинаикос започнаа ефективен штрајк за неисплатени плати. Според локалните медиуми, играчите не ги добиле своите плати од октомври наваму.
Незадоволните фудбалери инсистираат на тоа претседателот на клубот, Василис Константину да им ги исплати заостанатите плати најмалку до декември, а потоа ќе продолжат со тренинзи.
Минатата недела поппуларните „детелините” беа казнети со одземање на три бодови поради акумулираните заостанати обврски на клубот кон играчите.