Фудбалскиот клуб Парк со генерацијата 2012 го освои второто место на силниот меѓународен турнир во Сандански на кој се појавија 16 екипи.
Во финалниот меч нашиот состав загуби од тимот на Пирин од Благоевград со 3:0.
Според информациите од Бугарија, младите фудбалери на Парк биле подобри во првиот дел додека Пирин покажал повеќе во вториот и заслужено победил.

