Фудбалерите и тренерскиот тим на Саутемтон ќе пренесат дел од своите плати во добротворен фонд.
„Како прв чекор, тимот одлучи дека ќе донира дел од својата плата од денот на мечот со Лестер Сити на Фондацијата „Светители“ за да помогнат за работата на оваа добротворната организација“, се вели во соопштението на официјалниот сајт на клубот.
Да потсетиме, Саутемптон загуби од Лестер Сити во натпревар од 10. коло од англиската Премиер лига. Средбата се одигра во Саутемптон на стадионот „Сент Мери“ и заврши со победа од 9:0 за Лестер Сити.
За Саутемптон, ова беше најголемиот пораз во историјата. Претходно, „светците“ не примили повеќе од осум гола на една средба. Во исто време, Лестер го израмни овој рекорд за најголемата гостинска победа во историјата на првенството на Англија.

