Екипата на Јувентус ќе се врати во тренинг процес. Програмата ќе се реалзира според препораките за заштита од корона –вирусот, што значи дeка фудбалерите ќе тренираат во мали групи и на соодветно растојание едни од други.
Главниот проблем за тренерот Маурицио Сари е големата бројка на интернационалци кои поради пандемијата на ковид-19 го напуштија тимот и се вратија во нивните земји. Меѓу нив е првата ѕвезда на тимот Кристијано Роналдо.
Згора на тоа сите играчи што ќе се вратат во Торино ќе мора да го поминат задолжителниот период од 14 денови во куќна изолација.