Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 16:00 часот го игра дуелот против Казахстан на гостински терен во Астана, во рамките од Мундијалските квалификации.
Ние сме фаворити погледнато од повеќе аспекти а домаќините ќе се обидат да парираат пред полни трибини. Стадионот кој има вештачка трева и има капацитет од 30.244 седишта веројатно ќе биде исполнет до последното место.
Во вториот меч во нашата група, доцна вечер е дербито меѓу Белгија и Велс. Велшаните се лидери со 7 бодови, Македонија има 5, Казахстан 3, Белгија 1 а Лихтенштајн е последен без бод.

