Нашата најдобра фудбалска репрезентација со вкупно 1343 бодови ќе ја заврши годинава на 68 место на ранг-листата на Светската фудбалска асоцијација.
Македонија во 2018-та одигра осум натпревари со ефект од пет победи, две нерешени и два пораза. Четата на Ангеловски успешно ја мина првата фаза во Лигата на нации и се избори за место во полу-финалето.Таму ќе имаме дуел со Косово.
На врвот на ФИФА прва е Белгија пред актуелниот светски шампион Франција и селекцијата на Бразил. Во Топ 10 уште влегуваат и: Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.