Нашите најдобри фудбалери на теренот во Варшава се подготвуваат за утрешниот меч со домаќинот Полска во рамките на 8 коло од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2020 година.
Селекторот, Игор Ангеловски, ја одработи денешната програма, но, без присуство на Аријан Адеми кој заработи повреда на мечот со Словенија и најверојатно нема да биде во комбинација за утрешниот натпревар со главниот фаворит во групата.
Што се однесува до Алиоски и Николов, тие денеска беа активни. Средбата Полска – Македонија ќе биде одиграна утре од 20.45 часот на –„Националниот стадион“ во Варшава.