Македонската фудбалска репрезентација полека се комплетира во Скопје пред решавачкиот дуел на теренот на Грузија за пласман на Европското првенство во 2021-та година.
Голманот Даниел Божиновски (Силекс) немаше контакт со другите играчи и беше веднаш вратен откако е откриено дека е позитивен на Ковид-19. Според најавите ќе дојде и Горан Пандев, иако има одредени забрани во Италија поврзан со пандемијата додека Несторовски и Елмас кои исто такам играат во Серија „А“, сигурно ќе бидат во нашиот ростер.
Под знак прашалник е повредениот Адеми кој ќе направи прегледи и потоа ќе биде одлучено дали ќе може да настапи. За Тбилиси ќе се патува в среда или само еден ден пред мечот со Грузијците.

