Македонската фудбалска репрезентација по двата пораза во Букурешт од Австрија и Украина во групата „Ц“ на Европското првенство, од денеска е стационирана во Холандија.
Избраниците на селекторот, Игор Ангеловски, го одработија и првиот тренинг пред понеделничкиот меч со домаќинот на Арената – „Јохан Кројф“ во Амстердам кој ќе започне во 18.00 часот.Пред мечот се огласи и амбасадата на Холандија во Скопје.
– Во врска со претстојниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Холандија, ве информираме дека забраната за патување во Европската унија за граѓани од трети држави е сè уште во сила. Можете да патувате во Холандија само доколку сте во категориите кои се иземени од забраната“ – објави холандската амбасада во Скопје.