Македонската фудбалска репрезентација го доживеа првиот пораз во Лигата на нации. Денеска загубивме од селекцијата на Ерменија со убедливи 4 спрема 0. Голманот, Димитриевски, беше вистински трагичар во дури три наврати кога со лошите интервенции дозволи топката да ја помине гол-линијата.
Првиот миг се случи во12 минута по шутот на Пицели. Вториот го видовме во 67 минута кога нашиот голман лошо ја уфрли топката во игра а домаќинот тоа експресно го казни преку Мовсасјан. Третиот дојде во 81 минута по слободниот удар од преку 25 метри што го изведе Газарјан.Точка на мечот стави Мхтарија во судиското надополнување кога изведе одличен слободен удар на кој му претходеше прекршок за исклучување на Елиф Елмас.
Мора да се напомене дека во првиот дел судијата од Шведска направи голема грешка откако прекршокот врз Барди не го санкционираше со пенал. До крајот на квалификациите ќе мора да одиме на пол погодок на средбите со Гибралтар и Лихтенштајн за да го задржиме првото место во групата.