Македонската селекција вчера го имаше првиот тренинг во Абу Даби во пресрет на контролниот натпревар против Саудиска Арабија. Избраниците на селекторот Милевски, главно од домашното првенство, и денеска продолжуваат со тренинзи за мечот в сабота на кој ќе и спарингуваат на репрезентацијата која веќе ги почна подготовките за настап на СП во Катар.
За нашиот селектор ова ќе биде уште една убава шанса да се проверат и некои нови сили кои би можеле да добијат шанса во националниот тим веќе на стартот на новиот квалификациски циклус за ЕП 2024 кој понува во март следната година.
„Ова е тест натпревар против квалитетна репрезентација, учесник на Светското првенство. Очекувам добар и квалитетен натпревар, мислам дека сите фудбалери се спремни да го дадат својот максимум и ќе му докажат на селекторот дека може да смета на нив на следните натпревари“, изјави по вчерашниот тренинг, напаѓачот на Шкендија, Влатко Стојановски.
Мечот меѓу С. Арабија и Македонија е закажан за в сабота од 16.30 часот.