Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 часот на стадионот „Олд Трафорд“ во Манчестер и гостува на Англија во рамки на 4. коло од група „Ц“ во квалификациите за пласман на Евро 2024. Ова за нашата селекција ќе биде трет меч во групата, откако на првите два на домашен терен славевеме над Малта и загубивме од Украина.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски на вчерашниот прес најавија дека ќе се обидат да ја запрат Англија, која во првите три меча во групата оствари исто толку победи.
За Македонија ова е трето гостување во Англија, второ на овој ист стадион. Во 2006 година на „Олд Трафорд“ одигравме без голови (0:0), додека четири години претходно бевме гости во Саутемптон каде завршивме нерешено – 2:2.
Во нашата група денеска ќе се одигра и мечот меѓу Украина и Малта (18 ч.).