Фудбалската асоцијација на Ирска (ФАИ) им овозможи на клубовите да продолжат со тренинзите од вчера (понеделник,15 јуни), објавија на официјалниот профил на Твитер на ФАИ.
Во исто време, играчите, тренерите и сите вклучени на тренинзите мора да почитуваат одредени нерки како што е социјална дистанца. Сите играчи мора да имаат свој личен антисептик и посебно шише за вода. Во моментов суспендираниот шампионатот на Ирска поради закана од ширење на коронавирус е по одиграни пет кола, а лидер е Шамрок Роверс, кој освои 15 поени. Второто место го зазема Дандалк (12), а Бохемијанс има 9.
Поради пандемијата на коронавирусот беа одложени Европското првенство, Купот на Америка и Олимписките игри кои ќе се одржат во 2021 година. Првенството на Франција, Белгија и Холандија се завршени пред предвидениот термин.