Фудбалската репрезентација на Македонија замина за Тбилиси.Таму в петок ќе и гостува на репрезентацијата на Грузија во натпревар од 5. коло во Лигата на нации.
Селекторот на Македонија, Боби Милевски се соочува со голем број проблеми пред мечот против грузијците и завршниот со Бугарија в понеделник во Скопје.
Последен од списокот отпадна, Аријан Адеми. Претходно поради повреда откажаа Чурлинов, капитенот Ристовски и Етеми. Натпреварот меѓу Грузија и Македонија е закажан за в петок со почеток во 18 часот.