Официјален фудбалски натпревар во Италија може да биде одигран на 12 јуни и тоа ќе биде Јувентус – Милан. Ова е реванш натпревар од полуфиналето на Купот на Италија. Првиот натпревар, одигран на „Сан Сиро“, заврши 1:1.
Министерот за спорт, Винченцо Спадафора, најави дека Купот ќе се одигра помеѓу 13 и 17 јуни, а првенството ќе започне на 20 јуни. Сепак, сега се разговара за можноста за реванш полуфиналето од Купот на Италија што би се идиграл еден ден порано, односно на 12 и 13 јуни.
За да има натпревари на овие датуми, владата на земјата мора официјално да даде дозвола за спортски настани, бидејќи забраната е до 14 јуни