Серија А ги објави кандидатите за индивидуалните награди на крајот од сезоната. Најдобриот фудбалер на првенството ќе биде прогласен на 23 мај.
Еве ги номинираните по категории: Најдобар голман: Давид Де Геа (Фиорентина), Вања Милинковиќ-Савиќ (Торино), Миле Свилар (Рома). Најдобар дефанзивец: Алесандро Бастони (Интер), Алесандро Бонџорно (Наполи), Нуно Таварес (Лацио).
Најдобар играч за врска: Николо Барела (Интер), Скот Мектоминај (Наполи), Тиџани Рајндерс (Милан). Најдобар напаѓач: Мојс Кин (Фиорентина), Рикардо Орсолини (Болоња), Матео Ретеги (Аталанта). Најдобар играч до 23 години: Себастиано Еспосито (Емполи), Нико Паз (Комо), Кенан Јилдиз (Јувентус)

