Македонските фудбалски репрезентативци замина за Израел каде треба да го одиграат следниот натпревар со кој го продолжуваат настапот во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2020 година.
Нашите најдобри фудбалери отпатува за Беер Шева, каде го играат петтиот натпревар од евроквалификациите. Натпреварот со Израел ќе биде прв дуел од двата гостинските во овој септемвриски прозорец на УЕФА, затоа што веднаш по овој натпревар следи гостување кај Летонија.
Селекторот Игор Ангеловски, стручниот штаб и фудбалерите заминаа за Беер Шева со чартер лет, а првиот тренинг е закажан попладне од 18:00 часот.
Во Израел треба да се приклучат уште неколку фудбалери, меѓу нив капитенот Пандев заедно со Несторовски, Тричковски и Трајковски.
Натпреварот меѓу Израел и Македонија ќе биде одигран на 5 септември со почеток во 20.45 часот.