Како резултат на напад на израелските воздухопловни сили на куќа во Дир ал-Балах, во центарот на Појасот Газа, загинаа Мухамед Хатаб заедно со неговата сопруга и четирите деца, пренесува Ал Џезира.
Според изворот, Мухамед Хатаб бил фудбалски судија акредитиран од Азиската фудбалска конфедерација (АФЦ) и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
12 земји од Блискиот Исток побараа исклучување на израелската фудбалска репрезентација од сите конкуренции поради воената операција во Појасот Газа. Тоа се : Палестина, Саудиска Арабија, Катар, ОАЕ, Бахреин, Ирак, Јордан, Кувајт, Либан, Оман, Сирија и Јемен.

