Комисијата за натпревари на Фудбалската федерација на Македонија го промени терминот за почетокот на мечевите во претстојниот викенд откако кризниот штаб ги олесни рестриктивните мерки а полицискиот час започнува во 23.00 .
Тоа значи дека мечевите од 26 коло во двете втори лиги (сабота) и средбите од 32.коло во ПМФЛ ќе стартуваат во 16 часот. ФФМ ќе ги плати сите ПЦР тестови на играчите, тренерите и службените лица за натпреварите во Првата и двете втори лиги.
ФФМ ги одреди и судиите за 32.коло во ПМФЛ кое ќе биде в недела. Дејан Јакимовски ќе ја дели правдата на мечот во Струмица меѓу градските ривали Беласица и А. Пандев додека сребата Македонија ЃШ и Шкендија ќе ја суди Игор Стојчевски од Скопје.На другите терени.ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР (А. Грујоски – Кичево), СТРУГА ТЛ – ВАРДАР (Д. Пилешков – Штип), РАБОТНИЧКИ – СИЛЕКС (С. Трпчевски – Кавадарци) и БОРЕЦ – РЕНОВА (Ј. Качевски – Струга)

