Новиот селектор на фудбалерите на Шпанија, Луис де ла Фуенте, изјави дека нема да го користи Родри во офанзивниот дел откако играчот на Манчестер Сити на Мундијалот во Катар доби изненадувачка улога.
„Го гледам Родри како играч од средниот ред. За мене тој секогаш делуваше на позицијата пред дефанзивците – уште од детските години во Вилјареал кога јас бев негов ментор“ – вели Фуенте.
61-годишниот стратег дојде на местото Луис Енрике по елиминацијата на „фуријата“од Светското првенство во Катар.