Новајлијата во англиската елита Фулам е заинтересиран за крилото на Олимпик Лион Бертранд Траоре, тврди „Скај Спортс“.
Поранешниот играч на Челзи влегува во последните две години од договорот со францускиот тим, затоа од оваа екипа немаат ништо против да се разделат со играчот.
Лион плати 9 милиони фунти пред 3 години за правата на Траоре, а сега интерес за него покажуваат и Њукасл, Лестер, Евертон и Кристал Палас, па се чини дека репрезентативецот на Буркина Фасо ќе се врати во Премиер лигата. Фулам, од своја страна, бара да го засили својот состав, откако веќе ги обезбеди правата на двајца играчи на Саутемптон – Марио Лемина, кој ќе игра на позајмица и Харисон Рид.
Траоре минатата сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања со тимот на Лион, и успеа да погоди 4 пати и да направи уште 5 асистенции.

