Футсал репрезентацијата на Македонија загуби и во вториот натпревар од квалификациите за СП 2020, овој пат од селекцијата на Косово.
Во вториот дуел во квалификациската група Македонија денес е поразена од Косово со 5:7 (2:4).
По лошата игра во првото полувреме и негативата од 2:4, нашите играчи се вратија одлично во вториот дел и успеаа да направат пресврт со тоа што дојдоа до предност од 5:4, но не успеаа да ја задржат до крај.
Косово најнапред успеа да израмни на 5:5, а во последните моменти од натпреварот и да дојде до два брзи гола за победа од 5:7. Македонија со овој пораз ги захуби шансите и за третото место во својата група, па сега ја очекува и последниот натпревар во недела против фаворитот Украина.
Знаејќи дека на овие натпревари играме без двајца многу важни играчи во нашата селекција, повредените Даниел Де Соуса и Драган Петровиќ и не можеше да се очекува некој спектакуларен резултат, но сепак се надеваа на победа барем против Косово.

