Македонската футсал репрезентација по првата победа над Грција од 5:3 во првото коло од претквалификацискиот турнир кој се игра во Скопје, вечерва ја очекува настап од второто коло и тоа против екипата на Сан Марино.
Македонија е апсолутен фаворит на оваа средба и очекуваме да ги прокнижат планираните бодови и од овој натпревар. Во првото коло Сан Марино беше поразен од Албанија со 5:0, но тоа никако не смее да ги натера нашите репрезентативци дека лесно ќе дојдат до убедлива победа.
Секоја победа и секој гол се важни во овие квалификации за освојување на првото место што е цел на нашата репрезентација. Очигледно дека дуелот кој ќе се игра во недела со Албанија ќе биде решавачки за тоа прво место кое е многу важно затоа што
Како првопласирани би играле во главната рунда од квалчификациите во групата во Украина, заедно со домашната селекција, Словенија и една екипа од претквалификациите. Оваа група е многу подобра отколку онаа во Романија, каде играат домашните репрезентативци заедно со Казахстан и еден квалификант.
Токму поради ова е важно да се освои првото место на овој турнир во Скопје. Македонија во овие квалификации игра без Даниел и Мицевски кои се повредени, но затоа може да очекуваме дека ќе бидат комплетни за главната фаза од квалификациите во октомври оваа година.