Македонската футсал репрезентација со пораз ги започна квалификациите за пласман на Европското првенство.
Нашите претставници денеска загубија со 2:1 на гостувањето во БиХ. Головите за домаќинот ги постигна Јосип Бошковиќ додека голот за Македонија беше дело на Драган Петровиќ.
Во вториот натпревар од групата Романија и Србија одиграа 2:2. Во второто коло нашата футсал репрезентацијата ќе и биде домаќин на Романија. Мечот ќе биде одигран на 3. февруари.