Македонската футсал репрезентација до 19 години вчера ги доби противниците за претквалификациите на ЕП 2023.
Македонија ќе биде домаќин на групата „Ц“ во која се најдоа и Косово и селекцијата на Германија.
Натпреварите од оваа група ќе се играат од 17 до 22 јануари следната година во Скопје. Победникот на групата ќе се пласира во „Главната рунда“, каде ќе биде вклучен во групата 3, во која се Португалија, Словачка и Белорусија.