Футсал репрезентацијата на Македонија ги доби можните противници во квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП), секако доколку успеат да го поминат баражот.
Ждрепката сакаше нашиот национален тим во баражот за пласман во квалификациите да игра со Англија. Доколку Македонија биде подобра од оваа селекција, во квалификациската фаза ќе се сретнат со Романија, Србија и Босна и Херцеговина. Ова се репрезентации со кои Макеоднија досега има одиграно многу пријателски натпревари.

Квалификациите се предвидени да стартуваат во месец ноември, а претходно ќе се играат баражите. Истите ќе се играат до април, 2021 година.
Првопласираните во групите заедно со шесте најдобри второпласирани одат на ЕП, додека седмата и осмата најдобра второпласирана селекција ќе играат бараж.

