Македонската футсал репрезентација денеска ќе го одигра мечот од 3 коло со Италија во рамките на квалификациите за Светското првенство 2024.
Ние имаме едно реми и еден пораз во Групата 10 во која се наоѓа и селекцијата на Шведска. Првиот меч со „аѕурите“ во Скопје заврши 3-3. Денешниот натпревар во Катанија меѓу Македонија и Италија ќе се одигра со почеток од 20 часот.
Последниот меч во групата ќе ни биде на 5 март на домашен терен против Шведска. На првата средба во Скандинавија загубивме од „викинзите“ со 5-2.