Македонската футсал репрезентација вeчерва од 18 часот се среќава со Србија во Врање во меч од 3. коло од квалификациите за Европското првенство.
Нашата најдобра футсал селекција освои само бод на воведните два меча, откако загубивме со 2:1 против БиХ на гости, а на домашен терен одигравме 2:2 против Романија.
За три дена во С.Ц. “Јане Сандански” ќе го одиграме и возвратниот дуел со Србија. Селекторот Васко Скендеровски за двомечот со Србија нема да смета на Даниел Де Соуса поради повреда, а неизвесни за настап се и Ранготов и Крстевски.

