Македонскиот футсал шампион, екипата на Шкупи ги доби ривалите за групата фаза од квалификациите во Лигата на шампионите. Шкупи натпреварите ќе ги почне од втората фаза, каде ќе биде домаќин на турнирот од групата „8“ во која ќе биде и чешкиот тим Хрудим, како и два тима кои ќе победат во групите „Г“ и „Х“ во прелиминарната фаза.
Турнирот во Скопје чиј домаќин ќе биде нашиот првак ќе се одржи од 25 до 30 октомври.